еМагазин
Да помогнеме

(Видео) Милош оди со магаре на училиште, опериран е на срце но нема финансии за контроли

Приказната на „Телевизија 24“ за деветгодишниот Милош Трајановски ја вчудоневиди јавноста, имајќи предвид дека ова дете, во 21 век, оди со магаре на училиште, а некогаш и пешки. Живее во трошна куќа, без основни услови за живот.

Тој живее во селото Живиње, а оди на училиште во Сушица, место оддалечено 30 километри од Скопје.

Семејството Трајановски живее во исклучително лоши услови, а дополнителен проблем е што Милош има и здравствен проблем. Кога бил роден бил опериран во Бугарија, бидејќи имал проблем со срцето. И оттогаш тој нема направено ниту еден преглед.

„еМагазин“ се приклучува кон акцијата за хуманитарна помош на ова семејство, како и тоа, Милош да го добие соодветниот кардиолошки преглед на една од клиниките.

Сметката на која може да се донира е 210501728442564 Trajanovski Mile на Тутунска банка.

Извор/Видео: Телевизија 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да ѝ помогнеме на 17-годишната Вера која се бори со тумор на главата

Редакција

Апел за помош: Млада мајка од Крушево е во кома и се бори за живот по убод од инсект

Редакција

47-годишниот Владо Симјановски треба да се оперира од рак на бели дробови, потребни се средства

Редакција