еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Видео) Мукаетов за Al Jazeera Balkans: Алкалоид за 17 години порасна за 4 и пол пати

Близу две децении Живко Мукаетов е на чело на скопски „Алкалоид“. Бројни беа предизвицитe за време на близу 90-годишното постоење на компанијата, вели Мукаетов во интервју за Al Jazeera Balkans, но едно е константа – инвестициите. „Алкалоид“ денес има повеќе од 2.000 вработени, од кои 600 надвор од границите на Македонија. Со инвестиции поголеми од 104 милиони евра во последните пет години, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан ја прогласи оваа компанија за водечки инвеститор во регионот. Мукаетов е претседател на Ракометната федерација на Македонија и голем покровител на спортот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мукаетов: Регионот има капацитет да оди напред преку заедничко вмрежување, градење и инвестирање

Ви пренесуваме дел од интервјуто на Al Jazeera Balkans.

Интересни податоци беа објавени за „Алкалоид“ за минатата година. Рекорден извоз од над 157 милиони евра. Но она што посебно се истакна во тие статистики и бројки се удвојувањето на продажбата, на пример, во Полска, зголемувањето на продажбата во Романија, ако не се лажам за речиси 80 %, па дури и растот на продажбата во САД. На што се должи овој биланс конкретно за минатата година?

-Прво јас би сакал да истакнам дека ние сме посебно горди што од 2005 година, па наваму секоја година компанијата расте во однос на годината претходно. Компанијата има пораснато некаде за 4 и пол пати во последните 17 години.

Се должи пред сѐ, на градењето едно портфолио на производи, развој на производи кои имаат додадена вредност, производи кои можат да се диференцираат од конкуренцијата врз база на својот квалитет, својата препознатливост и својата компетитивност онаму каде што ги продаваме.

Но за да се постигне сето тоа, пак сѐ се сведува на квалитетот на она што го работат луѓето, на квалитетот на нашите кадри, кои без комплекси можат да се носат со која било конкурентска компанија каде било во светот.

Еве за Полска конкретно. Има ли некаква тајна?

-За Полска тајната е што тоа е еден од најбрзорастечките пазари. Тоа е пазар кој, да кажам, нѐ прифаќа лесно и ние градиме портфолио кое може да се носи со предизвиците на тој пазар. Сметам дека Полска и Романија се можеби, во овој момент, најинтересните брзорастечки пазари од аспект на фармацевтската индустрија во Европа.

Како нѐ гледаат во САД? Вие сте компанија од една мала земја на Балканот. Можеби во Америка и не знаат од која држава. Како се гледа на компанијата и на вашите производи?

-Па во Америка нѐ гледаат како европска држава и како европски производител. Интересно е што во Америка мислам дека довербата полесно може да се изгради отколку во Европската Унија, затоа што таму е важно да имате квалитетен производ, важно е тој производ да биде уникатен.

На пример, ние сме таму најмногу присутни со органските чаеви и со чаевите од типот на безглутенски состојки во нив. И тука треба да барате некоја уникатност за да се диференцираат од останатите. Но, факт е дека во Америка нѐ доживуваат како европски производител и тоа ни дава предност.

Посебно што со оние партнери со кои сме почнале да работиме и со кои традиционално долги години работиме имаме една меѓусебна доверба и јас искрено сум многу задоволен од тоа како ние се развиваме на американскиот пазар. Но тука не застануваме.

Нашата амбиција е и во сегментот на фармацијата да се позиционираме на американскиот пазар, нешто што досега сѐ уште не ни успеало, но јас сум убеден дека со капацитетот кој го имаме, со квалитетот на нашите луѓе и со портфолиото на производи кои доаѓаат ќе можеме да се позиционираме и во САД.

Видео: Al Jazeera Balkans

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на бензините се намалува, а на дизелот се зголемува за еден денар

Редакција

Успешно извршена реплантација на десна подлактица на 54-годишниот Џафер Алија, кој при работа си ја исекол

Редакција

Покрената истрага против 12 полициски службеници од ГП „Табановце“, за шестмина одреден притвор

Редакција