еМагазин
Техно ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) НАСА го лансираше најмоќниот сателит во историјата

НАСА денеска го лансира телескопот Џејмс Веб.

Инструментот тежок 6.350 килограми по 26 минути лет успешно беше пратен во Вселената од ракета.

Телескопот Веб за еден месец треба да стигне до крајната дестинација во соларната орбита на околу 1,6 милион километри од Земјата односно приближно четирипати подалеку од Месечината.

Телескопот го носи името на вработен во НАСА во 60-тите години од минатиот век.

Веб главно ќе го набљудува Универзумот во инфрацрвениот спектар, што ќе му овозможи да навлезе во облаците од гас и прашина каде што се раѓаат ѕвездите, додека Хабл дејствувал првенствено на оптички и ултравиолетови бранови должини. Веб е приближно стопати почувствителен од Хабл.

Проектот чини 11 милијарди долари иако според првичните проценки беа една милијарда долари.

Веб ќе се наоѓа на голема оддалеченост од Земјата со што е оневозможено да се испрати мисија при евентуален дефект, како што беше случајот со Хабл.

МИА/Фото/видео: НАСА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени две лица за лажната дојава за бомба во „Сити мол“

Редакција

Пациентите со делта сојот на Ковид-19 не биле вакцинирани, еден е во многу тешка состојба

Редакција

Македонија ќе купи хеликоптери од италијанската компанија “Леонардо“

Редакција