еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Навивачите на „Шкендија“ демолираа низ Тетово, ширеа говор на омраза и повикуваа на насилство

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираа дека нема повредени во инцидентот кој вчера во Тетово го предизвикаа навивачите на фудбалскиот клуб „Шекендија„, „Балисти“.

Според МВР не е предизвикана ниту поголема материјална штета од навивачите, кои го нарушија јавниот ред и мир фрлајќи со камења и шишиња кон терасата на кафуле во Тетово, полно со гости.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска порача дека МВР ги презема сите потребни мерки во врска со инцидент.

„За навивачите кои скандираа националистички пораки во Тетово, во рамки на СВР-Тетово се преземаат мерки и во делот на едната или другата група. Денеска дадовме посебна задача во делот на превенцијата за да работиме со двете навивачки групи. Не смееме да дозволиме нивните конфликти, кои изобилуваат со таков говор на омраза да бидат секојдневие во Република Македонија“, рече Спасовски.

Денеска во Тетово

#Следиме соживот, дел втори

Posted by Следиме on Недела, 04 ноември 2018

На социјалните мрежи од вчера се споделуваат видеа на кои се слушаат песни и извици од „Балистите“, со говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и фрлање со камења и шишиња врз кафулето.

Денеска во Тетово…

#Следиме соживот

Posted by Следиме on Недела, 04 ноември 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денеска преку соопштение најостро го осуди инцидент во Тетово.

„На објавените видеа од случувањата на тетовските улици на 4 ноември 2018 година, се слушаат песни и извици, каде е забележан говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и извршување на дело од омраза, односно фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости„, наведуваат од Хелсиншкиот комитет.

Воедно, посочуваат дека со посебно внимание ќе го следат разрешувањето на овој инцидент и ќе бараат најстроги казни зa дела од омраза и говор на омраза, чија цел е, наведуваат, предизвикување меѓуетнички тензии и насилство.

Претходниот ден пак, низ улиците на Тетово навредливи зборови за албанските граѓани користеле и припадниците на навивачката група „Војводи, кои славеле 30 години.

Видео: Следиме

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бугарски рапер испеа дека Македонија е територија, а македонскиот дијалект на бугарскиот, па наводно добил смртни закани

Редакција

ЛДП: И граѓаните и полицијата да се воздржат од прекумерна сила

Редакција

Притвор од 30 дена за Боки 13 и Зоран Кичеец

Редакција