еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Објавена снимка од престрелката на убиениот Грк со албанската полиција

Албанската Report TV објави ексклузивна снимка на која се гледа како убиениот етнички Грк, Константинос Кацифас (35) се пресметува со албанската полиција по улиците на Буларат, село во близина на албанско-грчката граница.

Кацифас беше убиен откако со калашников отворил оган кон албански полицајци кои сакале да го тргнат грчкото знаме поставено на воените гробишта кај селото Буларат.

Според албанската полиција, Кацифас почнал да пука прв, потоа избегал на ридот над селото, а полицијата ангажирала и хеликоптер за да биде уапсен.

Кога бил лоциран не само што не се предал, туку продолжил да пука кон полицајците. Престрелката траела околу половина час.

Покрај неговото мртво тело бил пронајден војнички нож и 100 куршуми.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СНИМКАТА Е ВОЗНЕМИРУВАЧКА!

Видео: Report TV/фото: Фејсбук/Кацифас

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитот на Рама дека убиениот Грк е „луд“ дополнително ја вжешти атмосферата во Грција

(ВИДЕО) Кој е Гркот кој што го уби албанската полиција

(ВИДЕО) Голем инцидент: Албански полицајци застрелаа Грк заради грчкото знаме

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гласаше на изборите во Албанија: Курти стана првиот премиер во светот којшто гласал на избори во друга држава

Редакција

Му украле накит вреден 1,2 милион долари: Саудиски принц тврди дека го ограбиле на Миконос

Редакција

Никој не успеа да формира влада: Нови парламентарни избори во Бугарија на 11 јули

Редакција