еМагазин
Image default
Свет

(ВИДЕО) Поранешен маринец уби 12 лица во Калифорнија, па се самоуби

Напаѓачот кој уби 12 лица во кантри барот „Бордерлајн“ во Таузенд Оукс, американската полиција го идентификуваше како Ијан Дејвид Лонг (28).

Локалниот шериф на прес-конференција соопшти дека тој бил ветеран и оти служел во американската морнарица. На полицијата и бил познат од претходно поради неколку казни за паркирање и предизвикување сообраќајни несреќи.

 

Очевидци тврдат дека станува збор за белец, чие тело било полно со тетоважи.

Американските медиуми наведуваат дека тој до кантри барот пристигнал со автомобилот на мајка му и го извршил масакрот.

Во време на нападот, во барот имало околу 200 луѓе. Мотивот засега е непознат, но властите се надеваат дека ќе добијат повеќе информации по денешниот претрес на неговиот дом.

Очевидци тврдат дека Лонг, облечен во црно, влегол во барот околу 23.20 часот по локално време и веднаш почнал да пука со пушка со калибар 45.

По нападот, тој извршил самоубиство.

МИА/Видео: WCVB Channel 5 Boston

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 13 милиони лица

Редакција

Русија не е виновна за извоз на житото, Украина ги минираше пристаништата, вели Путин

Редакција

Германски и американски компании продолжуваат да остваруваат големи приходи во Русија

Редакција