еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

(Видео) Потрагата по Мартин продолжува и денеска – потребни се волонтери, параглајдери, луѓе кои поседуваат дронови

Грчката спасувачка служба (ОФКАТХ) и денеска ја продолжи потрагата по Мартин Јовановски, кој пред седум дена заедно со двајца другари беше повлечен од морските струи кај плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики.

Во потрагата е вклучен и неговиот брат Горан, кој во Грција пристигна од САД.

„Потрагата продолжува седми ден по воден и воздушен пат за лоцирање на исчезнатиот Мартин. Втор ден полета авион од солунски аероклуб кој трага на плажите Катерини и Лариса.

Во потрагата од денеска учествува и неговиот брат кој утринава дојде од Америка, а попладне ги чекаме и доброволците од Скопје кои ќе помогнат. Борбата продолжува„, соопштија од ОФКАТХ.

Потрагата по Мартин е завршена од пристанишните власти и е сега е преземен од полицијата.

„Сите бродови кои пловат на поширокото подрачје се известени дека треба да пријават доколку забележат нешто и тоа е таканаречената втора фаза од потрагата.

Од друга страна, волонтери од Македонија се организираат и доаѓаат на Халкидики да помогнат во потрагата. Тие вчера се собраа на плоштадот во Скопје и одлучија денеска на Халкидики да дојдат шест лица“ се вели во објавата на Фејсбук.

На Фејсбук-групата Сите за Мартин е објавено што е потребно за помош на семејството: луѓе кои имаат познавање на грчкиот јазик, луѓе кои поседуваат дронови, параглајдери (поединци или тимови), клубови за брод, сопственици на чамци од која било форма и големина да се приклучат, донации за поддршка на потрагата и плаќање на чамците, авионите, горивото и приватните спасувачки екипа, волонтерите се најпотребни и во моментот, кога и да ја споделите или реобјавувате оваа или која било друга содржина во врска со Мартин и потрагата за спасување, ве молиме означете ги официјалните институции.

„Секој друг предлог е повеќе од добредојден, а помошта во која било форма е најмногу ценета. Да ги здружиме нашите сили и да направиме сè што е во наша моќ да го вратиме Мартин дома,“ пишува во објавата.

За донации од Македонија:
200003989311717
Stopanska Banka AD Skopje

Цел на дознака: Донација за Мартин
Шифра за плаќање: 562

Name: Ivan Gjorgievski
Адреса: Ул.Тодор Александров бр. 4а
1000, Skopje

За донации од странство:
Ф: MK07200003989312202
SWIFT КОД : STOBMK2X
Stopanska Banka AD Skopje

Фото/видео: ОФКАТХ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Популизмот и високата концетрација на ПМ честички имаат заедничка точка – загадувањето

Редакција

„Ве-група“ го доби тендерот на Град Скопје за реконструкција на булевар Кочо Рацин вреден 390.000 евра

Редакција

Времето денеска сончево со температура до 23 степени, повремено ќе има засилен ветер

Редакција