Пред Собранието на Република Македонија вечерва се одржува протест, во организација на движењето „Бојкотирам уставни промени“.
Барањата на движењето „Бојкотирам“ се трајна заштита на името на Македонија, итно и безусловно запирање на процесот на уставни промени, почитување на домашното и меѓународното јавно право, распуштање на, како што велат, делегитимизираното Собрание, и распишување вонредни парламентарни избори и еднострано правно поништување на Преспански договор.
Движењето „Бојкотирам“ го најави потестот преку социјалните мрежи како натпартиски, сенароден и ненасилен. Ги повикаа сите учесници да се воздржат од провокации, навреди, вандализам… За граѓаните беше организиран превоз од повеќе градови од државата.
Posted by Бојкотирам on Недела, 18 ноември 2018
МИА/Видео/Фото:Фејсбук/Бојкотирам