Адвокатка на поранешната специјална обвнителка, Катица Јанева, Ирена Данаилова-Фрчкоска, во интервју за „360 Степени“ на Алсат М, вели дека снимките за „Рекет“ неможат да бидат доказ.
„По она што го видов, од материјалните докази не произлегува било каква инволвираност или индиции на постоење на основано сомнение дека Јанева го сторила делото кое и се става на товар“, вели Данаилова-Фрчкоска.
Запрашана за снимките во кои се слуша како Јанева директно комуницира со осомничено лице во предмет за којшто Специјалното јавно обвнителство (СЈО) води истрага, таа вели дека тие разговори ги толкуваат во насока на изјавата на Јанева, односно дека се работело за евентуална соработка како сведок во друга постапка.
Данаилова-Фрчкоска вели дека ќе треба да се види дали снимките воопшто ќе може да бидат искористени како докази во кривичната постапка.
„Не може да се поистоветат снимките коишто Специјалното јавно обвинителство ги третираше како докази и овие снимки. Снимките од нелегалното прислушкување беа озаконети со Законот за СЈО, а овие докази се третираат како докази кои се прибавени на незаконит начин и како такви треба да бидат издвоени во постапката“, вели Данаилова-Фрчкоска.
Фото/видео: 360 Степени/Алсат М