Видео на кое се гледа како такстит бутнува полугола жена на тротоар во Скопје стана топ тема на социјалните мрежи откако истото утринава се појави на Твитер.
Се уште не е јасно што всушност се случило и која е причината зошто таксистот ја нападнал жената, но тоа не беше проблем видеото „сензационално“ да заврши во медиумите и да предизвика силни дебати на Твитер, за тоа кој е вистинскиот виновник, жената или таксистот.
Од МВР пак информираа дека настанот се случил вчера и дека е разговарано и со жената и со таксистот, и дека и за двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Еве дел од твитовите и дебатата:
каква и да било причината за нападот врз жената, фактот што никој не пробува да помогне ја убива секоја надеж за човештвото
— мајка на ѕверови (@MajkaNaZverovi) July 25, 2019
Твитот со таксистот
Рандом твитерџија:
Џизс каде живеам?!
Феминистка:
Ааааа убијте го копилето ја утепа од тепање *ја бутна
Идиот:
Мене вака на колата, ќе ја згазам
Отселен/а:
У Европа нема вака *има бетер
Група:
Зошто снимаш, а не помагаш?
– Воглавно никој не знае што се случило— Поглиачи (@SmoothManMk) July 25, 2019
знам дека сте друга генерација и со различен сентимент кон опкружувањево, ама верувајте, мене видеото со таксистот и жената ме растажи, ме уби, ми го сотре денов.
— Bisera (@zamislena) July 25, 2019
Коментарите: Демек ако кршела ретровизор оправдано било насилството врз жената? НЕ Е!
2693 РЕТВИТ за ова да стигне до надлежните. @o_spasovski https://t.co/yKNbNe5FdE— $ORO$ (@S0ROS) July 25, 2019
Таксист тепа жена на сред булевар, никој не помага, твитерџии викаат и полошо ќе поминела ако оштетувала нивна кола, уште еден сончев ден во Скопје.
— Шишарка (@Shisharka_) July 25, 2019
Маж (кај сајмиште) си ја одбрани хаубата и шофершајбната.
— Данкан Пиндерхјуз (@PinderhughesMKD) July 25, 2019
Еве разумно да размислиме, ако била удрена претходно требало да се тргне и да го пријави знаејќи му лиценца и фирма, а не да влезе во повторна физичка конфронтација. Па јас машко што сум ако ме зашлака некој видно посилен, ќе се повлечам, нема да одам пак да се пресметувам ебате.
— Сексистичкиот шовинист (@vlad_marmalad) July 25, 2019
Жената за која повеќето зборувате има психички проблем ,агресивна е , кај драмски стално стои им бара пари на минувачите ако и речеш дека немаш да и дадеш може да те нападне .
— Џансел (@auriana_j) July 25, 2019
Џабе се објаснувавте и силевте.. Секој е одговорен за своите постапки, и ќе си ги сноси последиците, без разлика дали маж, жена, коњ..
И не, не ја претепа, силно ја бутна. pic.twitter.com/BehaO2Idu6
— Morpheus🌖🌗🌘 (@morpheusMK) July 25, 2019
Она кога нема да ги земеш лековите 👇 pic.twitter.com/ryaz8kHiYA
— Бони Топ (@bonitopp) July 25, 2019