еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Стотици камиони со хуманитрана помош чекаат Израел да ги пушти во Газа

Иако повици стигнуваат од сите страни, Израел се уште не дозволува хуманитарна помош да влезе во опколениот Појас Газа, кој е без струја, гориво, интернет, а се уште не е јасно дали навистина доби вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Газа пред и после нападите од Израел

Израелските власти посочија дека ќе ја пуштат хуманитарната помош откако милитантите на Хамас ќе ги ослободат киднапираните Израелци.

Повик стигна и од Папата Франциск, кој апелираше „итно“ да се отворат хуманитарни коридори за жителите на Газа, но и да се ослободат киднапираните.

„Треба да се почитува хуманитарното право, пред се во Газа, каде што е итно и неопходно да се гарантираат хуманитарни коридори и да се помогне на населението“, рече папата во својата традиционална молитва на плоштадот Свети Петар.

„Одлучно барам децата, болните, постарите, жените и сите цивили да не бидат жртви на конфликтот“, рече папата Франциск.

Како што може да се види на видеото стотици камиони со денови чекаат да бидат пуштени да влезат во Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како од Палестина остана само Газа и Западен Брег, што е причината за војната помеѓу Хамас и Израел

Најмалку 45 фамилии во Газа останаа без ниту еден член по нападите на Израел

Фото: Унсплеш/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Западен Балкан на раскрсница: Наместо трошоци за гасоводи, инвестиции во обновливи извори на енергија

Редакција

Граѓанските организации со 18 прашања до политичките партии

Редакција

Излезност до 9 часот е 3,85%

Редакција