еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Стравичен почеток на 2020 година: Иран за одмазда бомбардира американски бази, убиени 80 лица, тврдат иранските медиуми

Иран испука балистички ракети на две бази во Ирак со американски војници, а Иранската револуционерна гарда, која ја презеде одговорноста за нападот, посочи дека нападите врз базите се „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани“.

Иранската државна телевизија објави дека во нападите врз двете бази во Ирак, Ирбил и Ајс ел Асад, се убиени најмалку 80 „американски терористи“.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф посочи дека Иран презел пропорционални мерки во самоодбрана во согласност со член 51 од Повелбата на ОН и врз основа на тоа од каде е извршен „кукавичкиот напад“ против иранските државјани.

„Не сакаме ескалација или војна, но ќе се браниме од агресија“, напиша Зариф на Твитер.

Пред да се соопштат податоците за евентуални жртви, се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, која напиша на Твитер дека ракетите се лансирани од Иран на две воени бази во Ирак.

„Во тек е проценка на штети и жртви. Засега се е добро. Ја имаме најмоќната и најопремената војска на светот“, напиша претходно Трамп и најави скоро обраќање.

Иран, како што наведе Би-Би-Си, соопшти дека нападот е одмазда за убиството на генералот Сулејмани.

„Сега кога ја сфатија нашата моќ време е САД да ги повлечат своите сили од Блискиот исток“, рече началникот на Генералштабот на иранската војска Мохамед Бакери.

ФАА им забрани на американските компании да летаат над Ирак, Иран…

Американската федерална администрација за авијација (ФАА) им забрани на американските авио-превозници да летаат во воздушниот простор на Ирак, Иран, Оманскиот залив и водите меѓу Иран и Саудиска Арабија, по ракетниот напад ноќеска во две бази со американски војници во Ирак.

Во соопштението на ФАА се наведува дека забраната за користење на тој воздушен простор „поради зголемените воени активности и политичките тензии на Блискиот исток е огромен ризик за цивилното воздухопловство на САД“.

Неколку авиокомпании кои не доаѓаат од САД веќе ги прекинаа летовите над делови од Ирак и Иран.

Пред денешната препорака, ФАА во јуни им забрани на американските превозници да летаат под 7.900 стапки во воздушниот простор во Ирак и Иран.

Иран: Ќе ги гаѓаме Израел и Дубаи, ако САД одговорат

Иран се закани дека ќе ги бомбардира Израел и Дубаи, доколку САД се одмаздат за ирански ракетен напад врз две бази со американски војници во Ирак.

„Ги предупредуваме сите сојузници на САД кои дадоа бази на нивната терористичка армија, дека секоја територија што служи како почетна точка за агресивни дејствија против Иран ќе биде гаѓана“, соопшти Иранската национална гарда.

Иранската гарда исто така се закани дека ќе ја бомбардира Хаифа во Израел и Дубаи во Емиратите, објави „Дејли меил“.

МИА/Фото/Видео: Foregn office/Youtube/South China morning post

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војна или бизнис: Убиството на иранскиот генерал ја вивна цената на нафтата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Станува ли СДСМ партија на Зоран Заев?: Наместо институционална метла, казна за лошите изборни резултати

Редакција

Милијардерите во светот имаат повеќе пари од 60% од населението на планетава

Редакција

Во САД горат 100 пожари, се очекуваат нови

Редакција