Радио Кочани вчера на својот Фејсбук профил објави видео на кое според радиото се гледа како локалното население со стапови се „пресметува“ со продавачи на зеленчук со камиони, кои секојдневно продаваат на патот Штип-Кочани.
Дел од лицата пак кои го коментираат видеото велат дека станува збор за тепачка помеѓу продавачите на зеленчук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали од МВР: Тепачката со стапови во Облешево била околу паркирање
Видеото предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
Попладнево, на дождот, во Облешево мештаните со стапови се обидоа да решат извесни недоразбирања и кавги со продавачите на зеленчук кои од своите камиони секојдневно се присутни на патот Штип – Кочани. Од видеото што пристигна во нашата редакција се гледа што конкретно се случувало.
Posted by Radio Kocani on Вторник, 23 јуни 2020
Видео: Радио Кочани/Фејсбук