еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Учениците од „Исмаил Ќемали” со марш им одадоа почит на петте загинати соученици во несреќата во Бугарија

Со солзи во очите и со голема тага ученици на ОУ „Исмаил Ќемали” во Чаир денеска организираа комеморативен марш од училиштето до плоштадот Скендербег, оддавајќи им почит на загинатите соученици во вчерашната автобуска несреќа во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите биле во роднинска врска: Пет од загинатите деца во несреќата во Бугарија учеле во училиштето “Исмаил Ќемали”

Директорката на ОУ „Исмаил Ќемали”, Бурбуќе Имери во својот говор пред присутните истакна дека „овој настан што му се случи на училиштето е голема трагедија која не може да се опише со зборови“.

– Сочувство првично до семејствата и до учениците и наставниците кои имаа добри моменти со учениците кои трагично ги загубија животите. Навистина немам друг коментар, многу се тажни од случајот. Трагедија е за едно училиште да загуби пет ученици, рече Имери.

Наставникот по етика во религиите, Метуш Мемеди, додаде дека во комемореативниот марш учествуваале околу илјада ученици, наставници и наставнички.

– Малку сме емотивни, но мислам дека е нормално. Пет деца се од нашето училиште. Две деца од деветто одделение, едно дете од осмо одделение, едно дете од шесто одделение и едно мало девојче од второ одделение. Пред малку бевме кај семејствата. Сите плачеа, тоа е нормално, рече наставникот Мемеди.

Емотивен говор имаше и една од соученичките на загинатите. Во својот рецитал таа наведе дека целата ситуација на нив им се чини како нереална, но дека животот носи и радосни, но и тажни моменти.

– Во спомен на овие ученици, младите лица кои трагично ги загубија животите, сакам да им пренесам на сите мои врсници дека болката и солзите секогаш ќе бидат присутни во нашите срца.

Единствено нешто што ќе ги држи живи овие деца се спомените кои не поврзуваат со нив, затоа не се впуштајте во морето на тагата. Обидете се да бидете силни и да ја споиме нашата сила заедно, рече таа.

Пред завршување на маршот учениците положија цвеќе пред скалите на плоштадот Скендербег во спомен на загинатите. Тие посака овој трагичен настан да биде последен и во иднина да не се случуваат вакви трагедии.

МИА/Фото/видео: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како безбедно да возите во зимски услови?

Редакција

Починаа уште 6 лица од Ковид-19 од Скопје, Прилеп, Охрид и Штип

Редакција

До 31 август бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи во системот за централно греење

Редакција