Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан, кои со авион слетале на аеродромот во Харков, биле непријатно изненадени од мештаните кои со камења мавале по автобусите кои се упатиле кон медицинскиот центар во градот Нови Санжариј, во регионот Полтава.
Евакуираните украински државјани по пристигнувањето дома, како и 27 странски државјани, биле носени во карантин каде треба да останат 14 дена. Толпата граѓани сакале да ги спречат да пристигнат во медицинскиот центар.
Полицијата ја растерала толпата, но и неколкумина привела.
Во последните 24 часа бројот на заразени од новиот вирус достигна вкупно 75.465 лица, а билансот на жртвите изнесува 2.236, откако се регистрирани уште 118 починати.
Фото: publika.ua/Видео: Зеленый Пес
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.