По речиси цела деценија доминација во косовската политика партиите на Хашим Тачи и Рамуш Харадинај доживеаа тежок пораз на вчерашните парламентарни избори.
Победници се досега опозициските Самоопределување и Демократската лига на Косово. Според неофицијалните резултати, Самопределување освои 26 отсто од гласовите, додека Демократската лига 25 отсто од гласовите.
Партијата на Хашим Тачи освои 22 отсто, а Алијансата за иднина на Косово предводена од поранешниот премиер Рамуш Харадинај доби 11, 6 отсто од гласовите.
Лидерот на Самоопределување Албин Курти изјави дека ќе формира влада со тоа што ќе коалицира со Демократската лига.
Фото/Видео: Insajderi.com/Youtube:TRT world
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.