еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Во Штип направена шопска салата за светски рекорд: Tешка е над 300 килограми

Постигнат е новиот светски рекорд во подготовка на шопска салата. Тешка е над 300 килограми, а ја правеа околу 30 студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, средношколците од угостителската струка од СОУ „Коле Нехтенин“ и вработените во ресторанот „Канал 77“-Штип.

Универзитетскиот професор Нако Ташков рече дека Штип надалеку е прочуен по пастрмајлијата, а сега и по новиот светски рекорд во подготовка на шопска салата.

– Имаме над 100 килограми домат, над 100 килограми краставички, 50 килограми сирење, пиперки, кромид, масло за јадење од нашиот „Бисер“, кој е спонзор, и од штипски „Брилијант“ односно „Витаминка“, рече Ташков.

Студентката на туризам Ивана Ѓорѓиева рече дека жирито им дало инструкции – најпрво продуктите ги измиле, излупиле и ги исечкале, а професорите ги ределе во садот-казан за да ја собере целата салата.

За да биде се регуларно, подготовката на салатата ја контролираше тричлено жири, составено од врвни готвачи-професионалци и претставник од Агенцијата за промоција на туризмот. Нивна задача беше да ја проценат тежината, но и квалитетот.

– Јас сум и Гинисов рекордер во правење течен грав во штипското село Сарчиево. Овој регион е наклонет кон рекорди и чест ми е што сум и денес дел од овој настан и со овие млади луѓе, рече Љупчо Гиевски, претседател на жири-комисијата.

Членот на жирито Марк де Јонг ги повика присутните да пробаат од салатата.

– Сите се добредојдени да пробаат од салатата, а добра салата оди со добра ракија. Има околу 330-340 килограми шопска, па вие проценете колку ракија ќе треба, рече Де Јонг.

Шопската салата, која со над 300 килограми и е новиот светски рекорд, може да се проба во ресторанот „Канал 77 “ во Штип.

МИА/Видео: ТВ Стар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Бојан Христовски, директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, кој поднесе оставка

Редакција

(Вознемирувачко видео) “Не ни требаат ковид-тестови, треба да јадеме„: Протестите против ковид-ограничувањата во Кина се шират низ земјава

Редакција

Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ на последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“

Редакција