еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Вучиќ ги „прегази“ конкурентите на изборите во Србија

Според првичните резултати од вчерашните избори во Србија, Српската напредна партија предводена од актуелниот претседател Александар Вучиќ освоила мнозинството гласови односно 62,5 проценти од гласовите.

На големата прослава во партиското седиште, Вучиќ соопшти дека неговата партија освоила 2 милиони гласови од вкупно 3,3 милиони излезени гласачи и дека победиле и на места каде што досега никогаш не победиле.

Според него, српскиот народ му дал најголема доверба во историјата.

Републичката изборна комисија соопшти дека коалицијата СПС-Обединета Србија освоила 10,7 проценти, а партијата СПАС 4 проценти од гласовите.

Од 76 проценти обработени гласови, Српската радикална партија добила 2,2 проценти од гласовите, ПОКС 2,8 проценти, а коалицијата „Метла“ 2,4 проценти.

Претседавачот со опозициската коалиција Сојуз за Србија (СзС), Драган Ѓилас, која ги бојкотираше изборите синоќа изјави овие лажни избори на Александар Вучиќ не успеале затоа што на нив се излезени помалку од 50 отсто од гласачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Разговорот со роботот Ема „нов хит“ на српскиот претседател Вучиќ

(Видео) Уште едно видео од кампањата на Вучиќ, хит на социјалните мрежи: Викенд во Грција? Да, возможно е

Фото/Видео: Зоран Зестиќ/Танјуг/Youtube/RTS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот министер Ристовски на судењето за „организаторите на 27 април„: Исказот на Александар Василевски – Нинџа е невистинит

Редакција

Марија Јосифовска-Спасовска од „Макпетрол“ меѓу највлијателните 50 луѓе на Балканот

Редакција

За непоседување зимска опрема казна од 45 евра

Редакција