еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) За Пендаровски „францускиот предлог“ е прифатлив

Модификуваниот француски предлог е транзиционен компромис за една од фазите на европските интеграции, во која три елементи се битни и затоа предлогот во овој формат е прифатлив, изјави претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност.

– Со тоа ја креваме бугарската блокада која трае повеќе од две години и дозволува формално отворање на преговорите. Остануваме на европскиот колосек, кој е долг, а до овој момент не губиме ништо и сега е време да го отвориме стратешкиот дијалог овде, рече шефот на државата.

Пендаровски смета дека со прифаќањето на модификуваниот француски предлог би се донела одлука само да ги отвориме преговорите со ЕУ. Одлуката да се прифати модификуваниот француски предлог нема да биде ниту историски триумф, ниту историски неуспех или дебакл.

Според Пендаровски, целата ситуација е со исклучително високи политички тензии во земјава, но не верува, како што рече, дека ова е судбинска дилема да се биде или не и за нацијата и за државата, ниту  одлука која ќе дефинира идните генерации Македонци и македонски граѓани.

Овој предлог со ништо не го поткопува македонскиот идентитет, затоа што, вели, за македонскиот јазик има чиста формулација.

Нагласи дека очекува откако предлогот ќе влезе во Владата, да се донесат владини заклучоци во случај да се прифати модифицираниот француски предлог со една реченица плус, да се повтори во извештајот на Владата до Парламентот, а тоа е дека, како што рече, од денот кога ќе почнат преговорите па се до нивното завршување, кога и да е тоа, ако има какви било дополнителни обиди од бугарска или чија било страна повторно да се спомнува македонски идентитет, историја, јазик, во истиот момент самите да се повлечеме од тие преговори.

Тој изрази уверување дека во неговите разговори со високи европски и светски претставници нема добиено впечаток дека сакаат да го разнебитат македонскиот народ и држава.

Со францускиот предлог, рече Пендарвски, историјата не е услов и има само една една реченица и во предлогот и во протоколите. Има сугестија почесто да се среќаваат историчарите.

– Убеден сум дека не сме можеле да постигнеме повеќе од позиција на кандидат на членство, рече по завршувањето на седницата на Советот за безбедност шефот на државата, појаснувајќи ги неговите ставови во однос на модифицираниот француски предлог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синоличка Трпкова: Пред да се каже НЕ на Бугарија и ЕУ, треба сите до еден, од сите власти да клекнат на колена пред народот и јавно да се извинат

Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не

МИА/Фото/видео: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советниците побараа од Арсовска до петок да достави одлука за прераспределба на средства за ЈСП

Редакција

Македонец загина кај хрватскиот остров Вис, му се слошило додека нуркал

Редакција

Од 20 патници, кои по враќањето од Грција се во изолација, четворица се позитивни на Ковид-19

Редакција