еМагазин
Image default
Македонија

„Викиликс“: Глигоров бил за решавање на спорот за името, но да не се поминат „црвените линии“

Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рекер,испратил извештај од 5 ноември 2008 година, насловен како „Македонија: Поранешниот претседател Глигоров повика на храбра лидерство и решение за името”, објави Викиликс.

Во него, Глигоров наведува дека е за компромис за прашањето за името, но „црвената линија” е да се обезбеди дека јазикот и идентитетот да се нарекуваат „македонски”.

Тоа е обезбедено десет години подоцна со Преспанскиот договор.

Во извештајот на Рикер, според Викиликс, се вели дека Глигоров изразил разочараност поради недостигот на храбро политичко водство на актуелната влада, недостаток што тој го смета за основен за затворање на договорот за името.

Тој смета дека со ефикасно раководство Македонците можат да прифатат компромис за името, нагласувајќи дека црвените линии се само епитет што ќе го опише јазикот и идентитетот, нагласува Рикер во извештајот.

„Глигоров, исто така, рече дека Македонија мора да сфати дека не е центар на политичкиот универзум за САД, ЕУ и НАТО и мора да ги препознае границите на волјата на другите држави и организации за решавање на проблемите на земјата“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 201: Од корона вирусот починаа уште осум пациенти

Редакција

Наке Георгиев и Антоанета Димовска кандидати за членови на Судскиот совет од редот на судиите

Редакција

Законските измени за набавка на опрема за отпечатоци од прсти се готови

Редакција