Телекомуникациската компанија Vip со гордост ги претставува најновите тарифи наменети за студентите кои од овој семестар добиваат исклучителна можност да активираат студентски пакет од услуги на фиксна локација и тоа без договорна обврска за времетраење.
Имено сите студенти, почнувајќи од денеска, можат да го изберат Vip Student Net или Vip Student Combo и да уживаат во интернет и телевизија без договорна обврска, без трошоци за инсталација и по супер ниска цена.
Со Vip Student Net студентите добиваат неограничен интернет до 15/1 Mbps за месечна претплата од само 599 денари, a со Vip Student Combo добиваат фиксна линија со неограничени разговори кон сите национални мрежи, неограничен интернет до 15/1 Mbps и телевизија до 80 ТВ канали, за само 799 денари месечна претплата.
“Студентските денови се исполнети со нови знаења, нови искуства и многу забава, тие денови ни остануваат врежани во сеќавањата уште долго време. Со цел да одговориме на динамиката и потребите на студентите во однос на комуникација, создадовме тарифи кои се специјално наменети за нив и ќе им овозможат не само полесен пристап до нови знаења, туку и многу забава и пристап до интересни содржини кои ќе придонесат за незаборавни животни искуства. Со овие тарифи, студентите добиваат специјални цени за намалување на трошоците за телекомуникациски услуги и тоа без договорни обврски и без трошоци за инсталација. Се надеваме дека ќе донесеме уште повеќе забава во студентските денови!”, изјави Елена Панова, маркетинг директорка во Vip.
Сé што е потребно за активација на новите тарифи е приложување валиден студентски индекс во некој од продажните салони на Vip.
Повеќе информации за новите тарифни модели можете да најдете на www.vip.mk.