еМагазин
Image default
Бизнис

„Витаминка“ планира приходи од 53 милиони евра во 2021 година

Друштвото ПИ „Витаминка“ АД Прилеп,  го усвои планот за работа за 2021 година на седницата на Одбор на директори  одржана на 14.12.2020 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Имајќи ја предвид среднорочната стратегија за развој на  друштвото и во  2021 година продолжува со инвестирање со цел следење на развојните процеси.

Основно инвестициите се однесуваат на модернизирање и автоматизирање на техничко-технолошките процеси, зголемување на постоечките капацитети, воведување на нови производни линии, градежна реконструкција и адаптација на производни хали и магацини за складирање.

Планираните вкупни приходи од оперативното работење на друштвото се позиционирани на износ од приближно 53.238.700 евра. Од вака планираните вкупни приходи 60 % се планирани да се оствараат на домашниот пазар, а  40% да се оставараат на странски пазари.

Како приоритети на продажба се зголемување на продажбата на домашниот пазар и зголемување на продажбата во балканските земји.

Остварувањето на финансискиот план ќе ја зголеми добивката на друштвото“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продаден блок акции од „Витаминка“ за 32.000 евра

„Витаминка“ ја зголеми добивката сред кризата од Ковид-19

Витаминка започна со извоз во Јапонија

Фото: Витаминка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште 118 компании со 1.116 вработени ќе користат бескаматни кредити од првиот пакет економски мерки

Редакција

Просечната камата на кредитите во мај 5,09, на депозитите 1,22%

Редакција

Распишан оглас за вработување на 24 лица во Дирекцијата за ТИРЗ

Редакција