Пожарот во станбената зграда во Гевгелија, во кој вчера целосно изгореа шест стана од поткровјето на последниот шести кат, според извршениот увид од страна на Дирекцијата за спасување и заштита, го предизвикала вклучена греалка во еден од становите.
Станот е во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, а подстанарот го напуштил откако му била исклучена струјата од ЕВН, велат соседите од оштетената зграда.
Потстанарот се уште не е вратен дома и не знае за настаната штета во зградата која дополнително ќе се утврдува исто така од страна на ДСЗ.
Општина Гевгелија ги разгледува можностите за времено сместување на оштетите семејства, а најави дека ќе додели и соодветна помош за нив, во рамки на нејзините законски овластувања.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гореше станбена зграда во Гевгелија, среќа нема повредени