еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупната бројка 1.117: Регистрирани 36 нови заболени од корона вирусот, 22 во Скопје

Во изминатите 24 часа се потврдени 36  нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

По градови: Скопје-22, Куманово-4, Прилеп-3, Струга-3, Велес-3, Битола-1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Македонија изнесува 1.117.

Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 389, Куманово – 310, Дебар – 51, Штип -32, Прилеп –103, Тетово – 48, Струга – 53, Велес – 43, Битола –16, Охрид –7, Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка -4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 26, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2.

“Во изминатото деноноќие направени се 437 теста. Преку Институтот за јавно здравје –230, преку Ветеринарен ф-тет -20 , Авицена –22 , Биотек – 35 и Филип Втори (Жан Митрев) –130.

Досега во земјата се направени вкупно 10.859 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 54. 18 пациенти се со на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови пациенти, од нив 1 веднаш е ставен на респиратор. Хоспитализирани се 37 пациенти, од кои 10 со потешка клиничка слика, а на респираторна машина се приклучени вкупно 7 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 8 ковид позитивни пациенти, од кои 3 лица се повремено на кислородна поддршка, останатите се стабилни. Примени се 2 лица, со симптоми на вирусот на кои им е земен брис, а тие се сместени во изолација. На домашно лекување се следат 13 пациенти. Прв контролен брис е земен од 7 пациенти, 2 хоспитализирани и 5 кои се лекуваат во домашни услови.

Во штипската болница се хоспитализирани 8, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Прилеп тројца новозаболени од корона вирусот, вкупно заразени 103 лица

Една корисничка и две вработени во Дом за стари лица во Куманово позитивни на коронавирусот

Детален преглед: Рекорден број на новозаразени со коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 22 пациенти, а вкупно се лекуваaт 468

Редакција

(Фото) Силјановска Давкова, првата македонска претседателка приватно

Редакција

Алкалоид со раст на извозот за 19% и нето добивката за 26%

Редакција