Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 16 август во Македонија се регистрирани 1.030 лица до 19 години заразени со Ковид-19.
“Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44,7 години).
Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 2.876 (22,4%) со инциденца од 750,3/100.000, а највисока специфична инциденца од 881,8/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (2.452 заболени).
Најниска инциденца од 202,7 и 226,2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 464 и 566 случаи соодветно“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.