Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Струга-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-2 и Неготино-1, информираат од Министерството за здравство.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија изнесува 1.421.
Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 486, Куманово – 378, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –143, Тетово – 75, Струга – 65, Велес – 69, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 7, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -5, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1, Виница – 2.
„Направените 362 теста се преку: Институтот за јавно здравје –203, Ветеринарен факултет -8 , Авицена –11, Биотек –45, Филип Втори (Жан Митрев) –48, Систина со PCR метода -25 и МАНУ -22 .
Досега во земјата се направени вкупно 15.771 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 52. Критично болни и на механичка вентилација се 3 пациенти, 25 се со потешка клиничка слика и на кислородна маска.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. Со потешка клиничка слика се 3 пациенти, а на респираторна машина вкупно 6.
Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 8.
Во Штип на болничко лекување има 2, а на домашно се следат уште 6 пациенти.
На останатите инфективни одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Тетово се хоспитализирани вкупно 46 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид -19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 36 новоизлекувани од коронавирусот во Македонија, вкупно 589
Вкупно 71: Шест новопочинати од коронавирусот во Македонија
Фото: Факултет за ветеринарна медицина