еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 114 заболени од корона вирусот: Регистрирано нови 29 од нив 22 во Скопје

Министерството за здравство информира дека во изминатото дено-ноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата.

Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна – добра здравствена состојба.

Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа се уште е на респираторна машина.

Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите,“ информираат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Состојбата со корона вирусот од аспект на психолог: После фазата на гнев, ќе следи депресија па апатија

(Видео) Босански лекар од Италија: Војна преживеав вакво нешто немам видено, корона вирусот го „јаде“ ткивото на белите дробови

Македонка од центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

(ВИДЕО) Како правилно да ги употребувате и симнете маските и ракавиците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина планинарот кој падна од карпа кај Титов Врв

Редакција

Се купувало без тендер, се плаќало надвор од законот: Државна ревизија откри низа неправилности при спроведувањето на пописот

Редакција

СЗО: Пандемијата со корона вирусот се влошува, а не слабее

Редакција