Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 24 јануари покажуваат дека вкупно 412 трудници во Македонија заболеле со Ковид-19.
“Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста.
Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи“, стои во извештајот кој еМагазин редовно го пренесува.
Според извештајот регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 1.029 импортирани случаи на Ковид-19 во Македонија
32% од заболените со Ковид-19 во Македонија имале контакт со потврден случај
Вкупно 3.439 здравствени работници во Македонија заболеле со Ковид-19, починале 22