Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 8 починати лица од Ковид-19: по 2 починати лица од Скопје (70г и 80г) и Велес (72г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (88г), Крива Паланка (72г), Кочани (58г), и Македонска Каменица (66г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 15.11.2021 до 04.12.2021.
Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Велес (1), Кавадарци (1), Гостивар (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 73 до 101 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица се починати во болнички услови.
Вкупниот број на починати е 7.688.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 211 оздравени од Ковид-19
Нови 419 случаи на Ковид-19 од 3.285 тестирања
Фото: МЗ