еМагазин
Македонија

Вкупно ревакцинирани 775.825, трета доза примиле 30.852 граѓани

Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 5.556 дози вакцини, од кои 950 се аплицирани како прва доза, 1.124 се ревакцинирани, а 3.482 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

-Заклучно со 31 октомври вкупно се вакцинирани 805.008 граѓани, ревакцинирани се 775.825, а трета доза примиле 30.852 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пендиков се појави во судница, ама судењето за неговиот напад веднаш се одложи

Редакција

Македонија и Грција заедно ќе работат на спроведувањето на Договорот од Преспа: Муцунски во Њујорк се сретна со колегата Герапетритис

Редакција

Мијалков и Тачи со помали казни за „Титаник 2“, сите обвинети добија по две години затвор

Редакција