еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата објави список: Кои компании добија државна помош, а не им исплатија плати на работниците

Владата вечерва објави список на компании кои добиле државна помош поради Ковид-19, а парите не ги исплатите на работниците.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска вчера обелодени дека повторно има злоупотреби од компаниите, кои за октомври зеле државна помош, а не им исплатиле плата на работниците.

На списокот се 179 фирми што добиле финансиска поддршка, а не им дале плата на вработените.

Глобите за компаниите кои добиле средства од државата, но не исплатиле плати на вработените се движат од 500 до 1.000 евра за микро компанија, од 500 до 2.000 евра за мала, од 1.000 до 6.000 евра за средна и од 1.000 до 10.000 евра за голема компанија.

Целиот список може да се види ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Графикон) 91 случаи на Ковид-19 во Македонија импортирани од надвор

Редакција

Министерот за култура Адеми поднесе оставка поради здравствени причини

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на „Водовод Битола“ за набавка на возила вреден 73.000 евра

Редакција