еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Влада: Се подготвува веб-платформа за решенијата за изолација, податоците ќе бидат заштитени

Државниот здравствен и санитарен инспекторат во консултација со Министерството за здравство, со Агенцијата за заштита на личните податоци и со Владата го изготвува дигиталниот модел за испорака на информациите и решенијата за изолација до граѓаните заради утврдена инфекција или заради контакт со позитивен од Ковид-19.

Моделот, како што соопшти владината прес-служба, подразбира дека секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение ќе има пристап преку веб-страница единствено до своето решение за изолација без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.

-За постапката за пристап до решенијата која ќе се одвива преку веб платформа, граѓаните ќе бидат навремено информирани во рокот утврден за примена на новиот начин на испорака на решенијата за изолација до граѓаните, информираат од владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неетички е јавно да се жигосуваат позитивните на Ковид-19, вели доктор Бабачиќ за одлуката решенијата за изолација да бидат јавни

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на ДСЗИ, одлучи Владата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев нема да бара оставка од Рашковски

Редакција

ППЦ – мајката фирма на ЕДС која се „бори“ на тендерот за снабдувач за домаќинствата, под истрага од Европската комисија

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија, најави Мицкоски

Редакција