еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата ја достави предлог-преговарачката рамка до Собранието, Протоколот не го спомнува

Владата на денешната 59-та седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Македонија со ЕУ, претставена од француското претседателство со Европската Унија.

На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите на Собранието, соопшти владината прес-служба.

Во соопштението не се споменува контраверзниот Протокол, кој јавноста се уште не го видела, иако уште пред неколку дена министерот за надворешни работи, Бујар Османи вети дека ќе го објави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 70 случаи со Ковид-19, нема починати

Редакција

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони склучи договор со „Зобек мининг груп„, вреден 5,7 милиони евра

Редакција

Во САД одобрена продажба на првото „лабораториски одгледувано“ месо

Редакција