еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата ја усвои одлуката: Се затвораат училиштата, градинките, универзитетите во следните две недели

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека Владата ја усвоила препораката од Комисијата за заразни болести и од утре се затвораат школите, градинките и универзитетите во цела Македонија.

Освен оваа одлука, издадена е забрана и на сите масовни собири на отворено и на затворено со над 1.000 учесници, а сите спортски собири да бидат без публика.

Се воведува и задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средноризични држави во период од 14 дена.

Забранет е извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од економски оператори од земјава, освен со посебна дозвола од Министерството за здравство.

Филипче апелираше возрасните и поризичните категории граѓани со хронични болести да го ограничат движењето и да го избегнуваат јавниот превоз.

Исто така, се забранува патување во земји кои се од висок и среден ризик, а листата на овие земји ќе биде поставена на веб-страницата на Министерството за здравство и ќе биде секојдневно ажурирана.

Се препорача вработените во здравствените установи кои се ангажирани во изборниот прецес да бидат изземени од натамошно учество и да бидат заменети со други лица.

За тие кои нема да ги почитуваат и ќе ги прекршат препораките, Комисијата истакнува дека ќе бидат казнети по член 205 и 206 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица во домашна изолација во Штип, ќе се тестира лице од Кочани со сомнителни симптоми на коронавирус

Ученици од три основни училишта во скопски Карпош заради превенција од коронавирусот во самоизолација

Ќе ги имаме ли првите избори без митинзи поради корона вирусот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за убиството на младиот Саздовски

Редакција

Продолжува судењето за тортурата при апсењето на Бошкоски

Редакција

(Фото) Арбен Таравари злоупотребен како лекар во реклама за слабеење

Редакција