Владата на седница донесе одлука да донира хеликоптери на Министерството за одбрана на Украина и утврдила текст на Протокол за таа намена.
Владината прес-служба соопшти дека Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Македонија и Министерството за одбрана на Украина и донела Одлука за донација на воздухоплови (хеликоптери) на МО на Украина.
-Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати усогласениот текст на Протоколот за донација на воздухоплови помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва: Македонија прави голема грешка што ќе и донира хеликоптери на Украина
Македонија ќе купи 8, а ќе донира 12 хеликоптери на Украина