еМагазин
Image default
Македонија

Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на здравствените работници ангажирани околу Ковид-19

Со ребаланост на Буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид-19. Средствата ќе бидат наменети за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава, соопшти Министерството за здравство.

Овие 54 милиони, како што се посочува, се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот „ремдесивир“, за набавка на вакцини, за тестови за Ковид-19 и за потребите на јавните здравствени установи.

Предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан наредните денови, со што ќе почнат да се реализираат четвртиот сет мерки за помош на граѓаните, компаниите и целата економија, информираат од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ прифатен во терапијата за Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во високообразованите установи има вкупно 4.288 наставници и соработници, од нив 51 отсто се мажи

Редакција

Девет новозаболени од Ковид-19 во Липково, пет во Куманово

Редакција

Нема да има говор на Мечкин камен за 2 Август, Пендаровски ги кани Заев, Џафери и политичките лидери заедно да го слават Илинден

Редакција