еМагазин
Image default
Бизнис

Владата за 8,8 милиони долари ќе набави 800 илјади вакцини против Ковид -19

Владата на последната седница му наложи на министерот за здравство Венко Филипче да потпише договор за набавка на вакцини за Ковид -19 со Глобалниот сојуз за вакцини, а Mинистерството за финансии и Генералниот секретаријат да ги обезбедат парите и да уплатат аванс.

Набавката ќе оди преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до вакцини потврдени и регулирани од Светската здравствена организација (СЗО).

Гласот на Америка објави дека е планирано е да се набави количина на вакцини која би покрила 20 отсто од населението, а бидејќи станува за две дози бројката би била околу 830 илјади вакцини.

Тие ќе чинат 8,8 милиони американски долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ангропромет Тиквешанка“ неколкукратно ја зголеми добивката

Редакција

Добивката на група „Европа“ намалена за 21,5 отсто

Редакција

„Жито Лукс“ во загуба од 12,3 милиони денари во првите три месеци од годинава

Редакција