еМагазин
Image default
Македонија

Владата ги утврди предлог – измените на Законот за попис

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година.

Како што соопшти владината прес – служба, до Собранието ќе биде доставен Предлог – закон со внесени измени и дополнувања со кои се одлага пописот за септември 2021 година, односно дека се врши менување на датумите за спроведување на Пописот и дека тој ќе се спроведе во септември оваа година.

–  Една од измените што се предлагаат е продолжување на процесот на самопопишување на граѓаните од дијаспората до крајот на одржувањето на пописот во септември, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собранието пак нема кворум: Додека граѓаните и фирмите чекаат пари, пратениците со меѓусебни обвинувања

Редакција

Кој ќе присуствува, а кој не: Денеска лидерска средба во Собрание

Редакција

Зголемување од 27,4%: За една недела 3.410 нови случаи на Ковид-19

Редакција