еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата го одобри договорот за набавка на руските вакцини против Ковид-19

Владата вчера ме овласти да го потпишам договорот за набавка на вакцини од Русија. Имавме затворена седница. Договорот е практично по истиот принцип како што беа и останатите договори. Станува збор за количина од 100 илјади дози, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека веќе интензивно уште во текот на вчерашниот ден во попладневните часови преку претставници на Руската амбасада се обидуваат да добијат поточни и поконкретни информации во однос на тоа кога би пристигнале вакцините во земјава.

Посочи дека и денеска ќе продолжи комуникацијата со претставниците на компаниите „Синофарм“ и „Фајзер“.

„Искрено се надевам дека во следните денови ќе ги имаме и конкретните датуми засега остануваме во интензивните разговори со претставници на двете компании“, рече Филипче.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Никола Јанкуловски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Редакција

Брисел сѐ уште се надева дека Скопје и Софија можат да постигнат компромис

Редакција

Основен суд Скопје 2 склучи договор со „Еви интернатионал траде„ за набавка на компјутери, вреден 371,6 илјади евра

Редакција