Владата денеска на седница го разгледа и утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот државните награди, со што предлага воведување две нови државни награди.
На иницијатива од Советот за македонски јазик, како што соопштил предлагачот – Министерството за култура, се предлага да се востанови нова државна награда што ќе го носи името на Блаже Конески, основач на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и културен историчар, поет, прозаист и преведувач.
Владината прес-служба информира дека со оваа награда ќе се оддава признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјава и во странство.
По иницијатива на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, пак, како што соопшти Министерството за култура, се предлага да се востанови уште една нова државна награда – за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на албанскиот јазик и албанологијата во земјава.
-Се предлага да го носи името на Ремзи Несими – лингвист, просветен работник и учесник на Конгресот за правописот на албанскиот јазик во 1972 година, наведува прес-службата на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов предлог-закон за употреба на македонскиот јазик
Фото: Влада