еМагазин
Image default
Македонија

Владата со кампања ќе не убедува да носиме маски

Владата и Министерството за здравство започнуваат кампања за носење маски со цел поддршка на Законот и подигнување на свеста на граѓаните од важноста на  почитување на мерките и препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

Кампањата, која ќе оди со слоганот  #НосамМаска, е подржана и ќе биде промовирана од страна на сите функционери членови и поддржувачи.

– Целта ни е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од коронавирусот. Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка за заштита во цела Европа. Тоа е засега наједноставен и најсигурен начин да се спротивставиме на пандемијата, соопштуваат од Министерството за здравство.

#НосамМаска е одговорност, велат од Министерството, која треба да ја прифатиме, почитуваме, споделиме и применуваме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат судењата за „Топлик“, „Триста“ и „Титаник 3“ на СЈО

Редакција

Завршни зборови на одбраната за за случувањата во Собранието на 27. април 2017 година

Редакција

Судот одобри куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во затвор

Редакција