еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата уште не донела одлука дали бизнисменот Орце Камчев ќе стане почесен конзул на Бугарија во Македонија

По речиси пет месеци, Владата се уште не донела одлука дали бизнисменот Орце Камчев ќе стане почесен конзул на Бугарија во Македонија.

Од Владата за еМагазин велат кратко дека процесот е уште во постапка.

Бугарија го назначи Камчев, еден од најбогатите Македонци за почесен конзул во април и го испрати барањето до македонските власти.

Според процедурата, истото се разгледува во Министерството за надворешни работи, а потоа се бара мислење од Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство при Владата.

Кога таму ќе заврши процедурата, министерот за надворешни работи го предлага кандидатот на странската земја до Владата, која го има финалниот збор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германката Урсула вон дер Лејен на местото на Јункер

Редакција

Во Алкалоид во третиот квартал 222 нови вработувања во Македонија

Редакција

Во ливада кај Крива Паланка пронајден дел од човечки труп

Редакција