еМагазин
Image default
Македонија

Власта нема осет и жал за 14-те луѓе живи изгорени во ковид-болницата во Тетово, вели Ѓорчев

Денес повторно видовме дека власта нема осет и нема жал за 14-те луѓе живи изгорени во ковид болницата и 7.000 починати од Ковид, изјави денеска на прес-конференција членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

„Наместо пристојност и етика, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата.Четиринаесет луѓе живи изгореа во пластичниот киоск на Зоран Заев и Венко Филипче.

Четиринаесет семејства се во црнина поради нивната неодговорност, поради нивниот срам и брука, поради тоа ужасно, смртоносно профитерство.

Почитувана македонска јавност, тие одбраа да паднат заедно. И да Зоран Заев и Венко Филипче заедно ќе си паднат. Народот е револтиран, овој срам и брука во Македонија ќе заврши. А оние кои што се виновни ќе одговараат,“ изјави Ѓорчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев не ги прифати понудените оставки од Филипче и Хасани

Прегреан кабел на дефибрилатор причина за пожарот во модуларната болница во Тетово, велат од Обвинителство

Фото: Ѓорчев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И СДСМ на оглас ќе бара кандидати за претседател на државата

Редакција

Уште тројца починати на инфективното одделение во болницата во Велес

Редакција

Ќе има ли смена на министри на АА, поради несогласувањето на Таравари и Села?

Редакција