еМагазин
Image default
Балкан

ВМРО-БНД на Каракачанов организира мирен протест пред зградата каде се одржува Советот за национална безбедност 

ВМРО – Бугарско Национално Движење организира мирен протест пред зградата на Претседателството на Република Бугарија во Софија, додека таму се одржува седница на Советодавниот совет за национална безбедност кај претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, од ВМРО-БНД се категорични и бараат да се гарантираат правата на македонските Бугари во Северна Македонија.

ВМРО-БНД, исто така, инсистира да се признае заедничката историја меѓу двете земји до 1944 година, како и да се стави крај на јазикот на омразата.

Тие предлагаат и одржување референдум на оваа тема во Бугарија.

Лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, рече дека властите ги очекуваат многу посериозни протести доколку го сменат ставот на Бугарија, отколку што беа протестите против владата на Бојко Борисов во летото и есента 2020 година.  

На протестот освен Красимир Каракачанов присуствуваше и европратеникот Ангел Џамбаски.

Поради дождот во Софија протестот траеше кратко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захариева го критикува Радев за свикувањето на Советот за национална безбедност за Македонија

Советот за национална безбедност на Бугарија денеска ќе расправа за Македонија

Фото: Фејсбук/Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Понеделник е прогласен за ден на жалост во Косово, во знак на почит на жртвите од сообраќајната несреќа во Хрватска

Редакција

Разногласие: Каков договор и со кој потпишаа Србија и Косово

Редакција

Мицотакис: Никогаш нема да чуете од мене „му посакувам добредојде на македонскиот премиер во нашата земја“

Редакција