„Кацарска судството” работи под директен диктат на Зоран Заев, човек аболициран за тежок криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кацарска судството” е срам за правдата и правдината. „Кацарска судството” ја влече Македонија се подалеку од демократскиот свет каде што судот одлучува врз основа на факти и докази. Почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е жртва на политички прогон и хајка која што однародената и криминална власт ја води против него преку партиското и клиентелистичко судство и обвинителството.
Поранешниот премиер Груевски не сторил никакво дело. Аболицираниот Заев го клеветеше дека наводно крадел милијарди, а неговото “Кацарска судство” го осуди затоа што неколку пати влегол во службено возило, кое се уште го користи криминалната власт.
Кривичниот совет уште еднаш потврди дека судството во Република Македонија е партизирано и служи за политички прогон на сите кои му се спртиставуваат на Зоран Заев во антидржавите политики. Демократијата и демократските процеси во земјава се мисловна именка.
Кривичниот совет само за да му удоволи на Зоран Заев експресно во најбрз рок и без да ја разгледа ја одби жалбата на Никола Груевски. Ваквиот потег е невиден преседан во судството и уште една потврда дека судот е целосно партизиран и се наоѓа во рацете на СДСМ и Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски топ тема во регионалните медиуми: Бившиот премиер на Македонија оди во затвор
Груевски до утрово не се појавил во затворот „Шутка“
Груевски и во затвор ќе зема пратеничка плата и ќе му тече работниот стаж