еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ предлага предвремени избори во мај, непроменет ставот на партијата за уставните измени

Предвремени парламентарни избори предлага ВМРО-ДПМНЕ во периодот меѓу 14 и 21 мај следната година. Изборната кампања би почнала на 25 април, а целта на тие избори, како што брифираат од партијата, е ресет на системот и воведување на поголема стабилност.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во моментов политичката состојба во земјава е неподнослива како меѓу партиите така и внатре во некои партии, односно во СДСМ, ДУИ и Алтернатива.

Со оглед на тоа што власта во моментов е на сосема спротивен став дека не се потребни предвремени избори и оти треба да се оди на редовните во 2024 година од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе ги искористат сите механизми за да ја постигнат својата цел и оти ќе бидат креативни во изнаоѓање на начинот на одржување на тие избори.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува ист во однос на уставните измени, односно не поддржуваат уставни измени.

Во моментов, а во врска со тоа дали такви избори би поддржале доколку се прифатат предвремени парламентарни избори, од партијата велат дека тоа е сериозен процес кон којшто сериозно ќе пристапат имајќи ги предвид сите аспекти на важноста на ова прашање.

Додаваат дека тие како партија го поддржуваат членството во Европската унија и оти доколку има избори детално во нивната предизборна програма ќе наведат како земјава ќе продолжи по тој пат што ќе биде транспарентно претставено пред гласачите кои доколку има избори би се одлучиле дали ќе ја дадат поддршката на политиката што ја нуди оваа партија.

Во врска со најавите на шефот на дипломатијата Бујар Османи дека од следната недела ќе почнат интензивни разговори за спроведување на измените од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека тие немаат проблем да учествуваат на такви средби доколку бидат поканети, но оти на нив ќе го повторат ставот којшто веќе е познат во јавноста.

На денешниот брифинг во партијата презентираа анкета, според која доколку во моментов се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ би добиле поддршка од 19,4 проценти, СДСМ и ДУИ 6,4 проценти.

Во врска со тоа кого би сакале да видат како свој партнер во идната влада од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа би биле опозициските албански партии за кои иако се согласуваат дека ја немаат силата која што во моментов ја има ДУИ сепак сметаат дека постои големо незадоволство и кај гласачкото тело на етничките Албанци кои веруваат дека би поттикнале одредени промени во таа насока.

Според ВМРО-ДПМНЕ, штетно е ДУИ да има ваков монопол во државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека претседателските избори ќе бидат неуспешни, но сепак не наведоа конкретно дали ќе учествуваат на нив нагласувајќи дека сите одлуки се носат со меѓупартиски консензус, а во моментов консензус има за предвремени избори.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) Објавени две нови „бомби“: Како се извлекувале милиони од Македонија

Редакција

Денеска околу сто нови позитивни на Ковид-19, се очекува состанок на Комисијата за заразни болести

Редакција

Од Националната агенција ја демантираат директорката од Битола за патувањето во Софија: Училиштето нема добиено грант од „Еразмус“

Редакција