еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ собра 100 илјади потписи против пописот

ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните за само осум дена собра 100.000 потписи за нешто помалку од вкупно 24 часа, информираше напрес-конференција, Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

„И покрај бројните опструкции од власта, само 24 часа во осум дена 100.000 граѓани го дадоа својот потпис за вистински и европски попис, спротивен на оној кој сака да го организира власта на насилен начин, со политичка цел.

Граѓаните одлучија, не сакаат политички попис, сакаат попис како статистичка операција, што точно ќе може да ја насочи Република Македонија во која насока да се развива.

Од самиот почеток власта беше исплашена знаејќи дека спроведува попис спротивно од барањата и заложбите на граѓаните и токму затоа и ни ја отфрлија иницијативата за поништување на законот за попис.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ преку своите 44 пратеници, поддржана од над 100.000 граѓани ќе поднесе пратеничка иницијатива за поништување на законот за попис.

Граѓаните и Република Македонија заслужуваат европски попис како статистичка операција, колку и тоа да и смета на власта.

Оваа власт чиј носител е СДСМ е на самиот крај и оваа поддршка од над 100.000 граѓани за кус период е само почеток на крајот на оваа Влада“, посочи Сајкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска ја запре постапката за набавка на 200.000 кинески антиковид-вакцини со посредничката фирма од Хонг Конг

Редакција

Лажни се дојавите за бомби во училишта во Скопје и Прилеп

Редакција

Заканувачот му се извини на Героски, го предупредил да не го нападнат вмровци

Редакција