Заев доби конкуренција во криминалот наречен Кочо Анѓушев. Заев и Анѓушев ја претвораат државата во сопствена фирма, додека граѓаните осиромашуваат, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека граѓаните се вознемирени од изјавите каде што постојано се менуваат ставовите на Зоран Заев дали ќе биде распишан референдум и дали тој ќе биде задолжителен или консултативен, Заев како од ракав дели 10 милиони евра на фирми на Анѓушев, Локвенец и други сопартијци и послушници, претставувајќи ги како иноватори.
Граѓаните гледаат дека додека економијата доживува вистински крах, стопанството е пред банкрот, додека се намалува просечната плата, се бркаат странските инвеститори, семејните бизниси на Кочо Анѓушев и Зоран Заев цветаат и тоа со сесрдна помош на институциите под нивна контрола.Овој скандал е огромен. Ова е сериозен сомнеж за злоупотреба на позицијата за богатење“, се додава во соопштението.
Фото/ВМРО-ДПМНЕ
ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА