еМагазин
Image default
Локално

Внук спречил силување на баба му во Струмица

Внук на шеесет и седумгодишна жителка од Струмица и негов пријател вчера го спречиле А.К. (28) од село Бориево да изврши полови дејствија врз струмичанката, соопштија попладнево од СВР Струмица.

Имено, вчера околу 23:30 часот струмичанката пријавила дека додека била во својот дом дошол А.К. и се обидел да ја силува. Таа по телефон го повикала нејзиниот внук Б.Д. од село Мокрино, кој заедно со Ѓ.Н. физички го нападнале А.К. со тврд предмет.

Синоќа околу 01:40 часот на подрачјето на Ново Село полициски службеници го лишиле од слобода А.К. заради основано сомневање за сторено кривично дело силување казниво по член 186, став 5 од Кривичниот законик.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На битолчанец наместо вода во угостителски објект му било дадено корозивно средство

Редакција

Уапсен велешанец кој избегал од затворот во Штип

Редакција

Касиерка и гостин заеднички „молзеле“ казино во Скопје

Редакција