Со објавените огласи за вработувања во јавната администрација се пополнуваат испразнетите места од втората половина од 2018 година и нема да значат дополнителни трошоци, бидејќи буџетот веќе е скроен, вели премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање во врска со објавените огласи за вработувања во јавната администрација.
– Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа годна. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проценти, а некаде и 10 во некои институции – рече Заев.
Тој сугерираше да се погледнат податоците за бројот на администрацијата во минатите години и сега.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЈП за државни патишта вработува 16 лица, плата до 33.540 денари
Управата за хидрометеоролошки работи вработува 11 лица, плата до 22.352 денари
ЈП за државни патишта вработува 84 инкасанти на патарина, плата до 19.760 денари
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството вработува 8 лица, плата до 31.323 денари
Министерството за одбрана вработува 12 лица, плата до 31.182 денари